Настан од пред 5 дена се најде во полицискиот билтен. На 20.03.2025 на Граничен премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот В.С. од Република Албанија
„При пасошка контрола било констатирано дека за лицето е распишана меѓународна поерница од Интерпол-Германија за сторено кривично дело „трговија со дрога“. Од Основен суд Скопје му е одреден 30 - дневен екстрадиционен притвор, по што е пренесен во Казнено - поправната установа Затвор Скопје“, информираат од МВР.