На базен: Групна тепачка помеѓу велешани и скопјани со шипки од чадори за сонце

Групна тепачка на велешани и скопјани со шипки од чадори за сонце.

Настанот се случи синоќа околу 19 часот на градскиот базен во Велес. Скопјанец на возраст од 21 година најнапред бил удрен со шише во глава од страна на непознато лице , пренесува Канал5.

Од ударот момчето се здобило со  расекотина на десното око. По ова настанала групна тепачка, поради што  интервенирала и полицијата.