На автопатот Охрид-Кичево се гради архитектонско чудо, вели Николоски - ќе биде готов до крајот на годинава

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во објава на социјалните мрежи истакна дека на автопатот Охрид - Кичево се гради архитектонско чудо.

„Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем кој ја блокираше целата изградба на автопатот, го решивме со најголемиот инженерски потфат во овој регион, со изградба на таканаречени Галерии. Со вкупно 14 галерии на цела траса создаваме безбеден автопат, автопат кој треба да биде сржта на економијата на западниот дел од земјата“, нагласи Николоски.

Тој воедно информираше дека изградбата силно напредува и дека со иста таква посветеност, автопатот Охрид Кичево ќе се заврши при крајот на 2026 година согласно предвидените рокови.