На 99-годишна возраст почина принцот Филип

Почина Неговото височество принцот Филип, војвода од Единбург, сопруг на кралицата Елизабета Втора.

Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните профили на британското кралско семејство. 

Принцот Филип почина на 99-годишна возраст. Тој во изминатите месеци повеќепати имаше здравствени проблеми. Како што наведуваат на Твитер, тој починал мирно, во дворецот во Виндзор.