
Пионерот во американската авијација, Воли Фанк почина на 87-годишна возраст, изјави портпаролката на Градот Грејпвајн во американската сојузна држава Тексас вчера.
„Фанк, која полета во вселената во 2021 година на 82-годишна возраст и постави рекорд со својата возраст, почина во среда во Грејпвајн. Пионерот почина дома од природна смрт, опкружена со најблиските, изјави портпаролката.
Инаку, Фанк полета во вселената со Џеф Безос во 2021 година на вселенското летало „Њу шепард“ и на тој начин стана највозрасната жена што некогаш отишла во вселената.
Поранешниот пилот е првата жена назначена на местото испитувач за безбедност во воздухопловството во Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (НТСБ), а исто така, и прва инструкторка во Федералната администрација за авијација (ФАА).
Во 1960-тите, таа завршила програма за обука за жени-кандидатки за лет во вселената, no tогаш не била избрана за мисија.
„Длабоко жалиме за смртта на Воли Фанк“, напиша американската вселенска компанија „Блу Ориџин“ на Безос, во своја објава на „Икс“. – „Почестени сме што бевме дел од нејзиното патување“, додава компанијата.