На 40 километри од Скопје - природа од која застанува здивот

На четириесетина километри од Скопје има природа од која застанува здивот.

Тоа е браната Козјак, тоа е клисурата на реката Треска, природа која секој мора да ја посети барем еднаш во животот.

Вештачкото езеро е најголемото вештачко езеро во Македонија, сместено помеѓу планината Сува Горана запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. 

Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.

Езерото е создадено во 2004. година, кога започнала со работа хидроцентралата "Козјак", со капацитет од 150 GWh просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери.

На местото коешто рибарите го викаат Првиот залив на Козјак, има две пештери.

Браната им е позната на рибарите, понекогаш таа е место каде што група млади доаѓаат до уживаат или пак странци да ловат, но овој предел и покрај огромниот потенцијал да стане атрактивно туристичко место е непознат за многумина.