Речиси секој корисник на јавниот превоз во Скопје во изминатове години во континуитет се жали од квалитетот на услугата за која плаќаат.
Жешкото лето во Скопје веќе почна да прави дополнителни проблеми.
Скопјанка денеска на социјалните мрежи се пожали за настанат дефект поради кој мора да се чека на високите температури.
- Брука за ЈСП, на 35 степени чекаш автобус 30 минути, отчукуваш карта и уште не си седнал, ти викаат симни се, автобусот се расипа. Следува уште половина час чекање ... - наведе таа во својата објава.