На 30ти септември во Скопје: Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Апсурт, Тони Зен и dj Гоце С.А.Ф

По големите и успешни концерти низ Бугарија и Македонија “One Love“ турнејата следува во Скопје, на 30ти Септември, во С.Ц. „Борис Трајковски“ – Мала сала.

Најдобрите Бугарски и Македонски Хип-Хоп и R’n’B артисти ќе бидат на една сцена во Скопје, и публиката ќе може да ужива во неколку часовен концерт на Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Апсурт, Тони Зен и DJ Гоце С.А.Ф. “Оne Love“ турнејата започна во Банско, продолжи во Охрид и Струмица, а се одржаа концерти и во Сончев Брег, Варна и Пловдив.

За концертот во Скопје влезните билети се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 400ден. и истите се во ограничен број. Македонската публика ќе има неповторлива можност да присуства на еден од последните концерти за оваа година од “One Love“ турнејата, во Скопје на 30ти Септември, во С.Ц. „Борис Трајковски“- Мала Сала.