На 20. јуни во Скопје парада на ЛГБТИК лицата (лезбејки, геј, бисексуални, трансродови, интерполови и квир)

Традиционално во јуни во Скопје парада на ЛГБТИК лицата (лезбејки, геј, бисексуални, трансродови, интерполови и квир лица). 

Овогодишниот Скопје Прајд ќе се одржи под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“ на 20 јуни 2026 година.

Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како и по улицата Димитрије Чуповски, со завршница во Жена парк – Борец.  

-  Со него сакаме да ѝ се спротивставиме на тишината што ни се сервира како услов за безбедност и прифаќање, како и на замолчувањето што го добиваме како одговор на нашите барања и протести. „Сите нека знаат“ е порака против системското бришење и истиснување на ЛГБТИК+ луѓето од јавниот простор, културата и колективната меморија, порачаа организаторите на настанот. 

Додаваат дека со овој слоган јасно порачуваат дека постојат. 

- Тука сме и одбиваме да се смалуваме за да бидеме прифатени. Ние сме дел од семејствата, пријателствата, работните места и секојдневниот живот на ова општество. Истовремено, сакаме да укажеме и на тежината што видливоста сè уште ја носи за многу ЛГБТИК+ луѓе, кои живеат со страв од последиците доколку „сите дознаат“, наведуваат органзаторите. 

Фото: Skopje Pride