На 17 март ФФМ ќе добие нов претседател

На денешната седница на УО на ФФМ, одлучено е Изборното Собрание да се одржи на 17 март. Кулоарите велат дека кандидати за наследник на Ѓорѓиоски се сегашниот в.д. претседател Мухамед Сејдини, Влатко Костов, Вујдин Станојковиќ.

Изборот би требало да биде демократска изборна процедура, па затоа во меѓувреме може да се појави уште некој кандидат. Не може да се кандидира само Хари Хаџи-Ристески кој не ги исполнува дел од условите.

Интересно е тоа што до 22 февруари сите 26 општински фудбалски сојузи ќе одржат собранија на кои ќе се произнесат околу своите кандидати за претседател на ФФМ.