На 11 и 12 мај: Дуке Бојаџиев со изненадувања за публиката во Скопје

Познатиот македонски музичар Дуке Бојаџиев најавува нови изненадувања во рамките на двата престојни концерти насловени „Сон, верба, љубов“ на 11 и 12 мај во Македонската филхармонија.

На настапите премиерно ќе биде отсвирена темата Катарина од филмот „Устав на Република Хрватска” на режисерот Рајко Грлиќ, во својата комплетна верзија, од која само дел беше користен во филмот Претпремиерно, пак, во аранжман специјално адаптиран за концертот, ќе биде изведена тема од новиот филм на култниот режисер Вељко Булајиќ, „Бегство кон морето“, кој ќе има своја премиера подоцна годинава.

Дуке (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари. Специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, кларинетистот Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.