На 10 јуни ни доаѓа соларна еклипса: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Соларната еклипса е позната и како „круг на огнот” и означува нови почетоци. 

Оваа соларна еклипса ни доаѓа на 10 јуни во Близнаци, а се поклопува и со ретроградниот Меркур што значи дека е одличен момент за ослободување од минатото и поставување на нови темели за иднината. Можеме да ја сметаме како нов почеток кој ни носи решавање на некои стари ситуации.

Освен тоа, Сонцето и ретроградниот Меркур се обединуваат во астролошки аспект познат како казими што значи дека ова е многу значајна дата за сите нас.

Што носи оваа соларна еклипса за вашиот знак?

Овен

Не се чувствувате целосно опуштено во вашата онлајн интеракција со другите и потребно ви е време поминато заедно и отворен разговор. Ова е период кога ќе почувствувате голема потреба да бидете околу луѓето, но и да се отворите и да водите длабоки разговори.

Бик

Тешко ви е да поставите финансиски цели, но морате да научите да бидете практични во однос на вашето трошење. Побарајте поддршка од најблиските и распрашајте се кој е нивниот пристап во однос на финансиите и штедењето, тоа ќе ви помогне во голема мера.

Близнаци

Ова е период кога чувствувате голем притисок и потребно ви е да избегате некаде и да се скриете, што е невозможно во овој момент. Најдете време за малку одмор и опуштете се подалеку од другите.

Рак

Во ред е да се оддалечите од другите во напорот да ги наполните батериите. Работите многу напорно, но во овој момент ви е потребно да се фокусирате на себеси. 

Лав

Имате притисок од вашите блиски дека треба да се чувствувате на одреден начин, но тоа не постои во вас. Затоа, важно е да поставите јасни граници и да не им дозволувате на другите да ги поминат. Истовремено, потребно е да донесете важни одлуки во однос на различните опции кои ги имате во животот.

Девица

Ова е период кога можно е да дојде до нова понуда на работното место или пак нешто сосема ново за вас. Но, пред да донесете одлука, осигурајте се дека тоа е вистинскиот избор за вас. Големи се шансите дека можеби ќе погрешите, но побарајте поддршка и ќе го добиете вистинскиот одговор.

Вага

Потребна ви е авантура, но чувствувате страв да излезете од својата школка. Што и да посакувате да постигнете овој момент, тоа нема да го направите од својата дневна соба, туку надвор од домот и надвор од себе. Водете се по своите сопствени правила, но не се плашете.

Шкорпија

Ова е важен момент за вас кој ви носи силна енергија и тоа за 10 пати посилна од онаа што нормално ја чувствувате. Искористете ја својата интуиција за да ја откриете вистината и да затворите главни поглавја од минатото. Промените ќе се случат во вистинска насока.

Стрелец

Не сте сигурни каде сакате да се насочите со својот живот во овој момент па така одите во милион различни насоки. Не морате да брзате никаде, не е крај на светот ако пропуштите можност која сметате дека огромна и неповторлива. Наместо тоа, обрнете внимание на љубовта во вашиот живот и на луѓето кои го заслужуваат вашето внимание.

Јарец

Изминатите недели беа тешки за вас, а сега таа истоштеност ја чувствувате и физички. Исклучете го телефонот за време на соларната еклипса и дадете им на својот ум и тело простор да се одморат и оддалечат од драмата.

Водолија

Размислувате за личност од минатото и потребно ви е да се отворите за да конечно го затворите ова поглавје од својот живот, барем во онаа форма во која постоело досега за вас. Размислете добро пред да направите било какви импулсивни потези.

Риби

Вашата нервоза е на високо ниво и иако не сте сигурни од каде доаѓа ваквото чувство, сакате да избегате од тоа што го чувствувате. Најдете време за активности кои ве релаксираат и изберете ја природата за да се смирите.