На 10 дена пред крај на учебната година: Учениците добија учебник по македонски јазик

Дел од учениците од петто одделение пред два дена ги добија учебниците по македонски јазик за учебната 2022/23, иако до крајот на годината има уште 10 дена.

Македонската јавност го критикуваше Министерството за образование, а одговорност од надлежните побараа и од „Учебници и настава мора да има“.

-Да се добие учебник пред самиот крај на учебната година е навистина жално и противзаконски. Ние имаме Закон за учебници и наставни материјали, каде што точно е дефинирано кога се објавува оглас за учебник, кога авторите треба да сги пријават своите дела и кога тој ќе се печати“, кажа Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“, за „Алфа.мк“.