На 1 Мај сите на марш наместо на скара, повика Сојузот на синдикати на Македонија

На 1 Мај сите на марш наместо на скара, повика вчера Сојузот на синдикати на Македонија, откако претходно истиот повик го упати Конфедерацијата на слободни синдикати.

Под мотото “Патиштата се различни, целта е една#, првомајскиот марш што ССМ ќе го организира по неколку години пауза, ќе почне во 10:30 часот пред зградата на Синдикатот, потоа ќе пордолжи пред Собранието, каде што ќе бидат прочитани барањата и ќе заврши пред Владата, каде што исто така ќе се каже какви права за работниците се бараат.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски објаснува дека бараат подобар закон за работни односи, регрес за годишен одмор за сите работници, подобар општ колективен договор за приватниот и јавниот сектор, како и стоп за мобингот и за зголемувањето на старосната граница за пензионирање. Овие барања, вели тој, се доставени до Министерството за труд и социјална политика и до Владата.

Од ССМ посочуваат дека бараат да се изработи нов закон за работни односи, при што ќе се ревидираат постоечките членови од прв до последен и ќе се вметнат нови,

Годинешниот првомајски марш се организира во пресрет на 110-годишнината од синдикалното организирање во Македонија. Инаку, први во синдикат во Македонија се здружиле чевларите во 1908 година.