МЗТ Скопје со силен тим: Дојдоа Мејси и Лалиќ, следен е Мекејлеб?

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром продолжува со составување на конкурентна екипа за настапите во АБА лигата и пред се во Еврокупот каде ќе игра против реномирани европски екипи.

По доаѓањето на Џош Скот, Шарлон Клоф и повратниците Марко Симоновски и Урош Лучиќ, во СЦ „Јане Сандански“ „слетаа“ и новите „штркови“ Џеремаја Мејси и хрватскиот центар Јуре Лалиќ.

Поранешниот македонски натурализиран репрезентативец Џеремаја Мејси ќе биде големо засилување за аеродромци,кој во својата кариера има одиграно 65 евролигашки натпревари на кои постигнувал 12 поени и 6,4 скока во просек по натпревар, додека во Еврокупот на 14 натпревари постигнувал 15,9 поени и 8,4 скока

Истото се очекува и од Лалиќ кој беше еден од најдобрите центри во АБА лигата во минатата сезона. За изминати 22 минути во просек, Хрватот постигнуваше 12,7 поени и 4,9 скока по натпревар.

По неуспешните авантури во Баерн и Лимож, Мекејлеб е во потрага по нов ангажман и најверојатно ќе биде дел од македонскиот кошаркарски шампион.

air max 90 essential sale