МЗТ Скопје Аеродром има нов играч

Трите порази во низа на стартот од АБА-лигата и низата повреди на играчи од стартната петорка се причините што управата на МЗТ Скопје Аеродром се реши за ангажирање на Србинот Стефан Синовец, кој со нашиот клуб потпиша договор до крајот на сезоната.

Станува збор кошаркар кој одлично ја познава средината во која доаѓа, со оглед што претходно двапати настапуваше на сино-белиот тим. Синовец првпат во „Јане Сандански“ дојде во 2013 година по што ја одигра целата сезона по што замина во унгарски Шолнок, кадешто не се задржа многу по што се врати во таборот на МЗТ Скопје Аеродром.

Минатата сезона ја мина во словенечка Крка.Српскиот интернационалец игра на позицијата бек-шутер, а по потреба може да помогне и напозицијата „3“, која е дефицитарна по повредата на Ѓорѓе Дреновац. Во досегашната кариера, која ја почна во српска Визура, има играно уште и за Партизан, Металац Ваљево, Раднички Крагуевац и Химик.Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува в недела на дуелот на домашен терен против Цибона.