myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

Лојалната програма на компанијата myWorld International, според престижниот магазин Newsweek, е избрана за најдобра лојална програма во САД за 2023 година.

Независното истражување на Newsweek е направено во соработка со глобалната компанија за истражување на податоци Statista. На целата територија на САД, беа опфатени анкети врз 4000 потрошувачи, 239 лојални програми во 32 категории. Резултатите од ова истражување покажаа дека myWorld ја ужива најголемата доверба кај потрошувачите во САД, нудејќи најпривлечни бенефити за своите членови. Според задоволството на корисниците, myWorld е рангиран на прво место во својата област со оценка 9,20 за својата лојална програма за трговци и потрошувачи.

Инаку, магазинот Newsweek е основан во Њујорк во 1933 година, и е еден од најкредибилните медиуми во САД, со традиција од над 90 години. Истражувањето беше спроведено со цел за да ги најде најдобрите американски програми за лојалност за 2023 година, кои нудат вредни привилегии, од кои потрошувачите биле најзадоволни, и кои би ги препорачале на пријателите и семејството.

myWorld International, со седиште во Лондон, е оператор на глобалната лојална програма за трговци и потрошувачи myWorld, која нуди мноштво атрактивни поволности за потрошувачите и за компаниите. Целта на myWorld е да им обезбеди на своите членови поволности при купување кај своите партнери, а на трговските партнери да им донесе нови и лојални купувачи со што ќе го зголемат профитот и ќе го направат својот бренд видлив и препознатлив. Ваквата Вин-Вин позиција ја прави оваа програма атрактивна за сите.

Бенефитите што ги добиваат членовите се во форма на Cashback, што значи дека со секое купување тие добиваат поврат на средства директно на својата сметка – без разлика дали купуваат онлајн или во локална продавница, како и вредни Shopping Points (поени за купување) кои може да ги користат за специјални понуди (Cashback Deals) и со тоа да добијат поголем Cashback, т.е. поголем повраток на средства.

Прикажано низ бројки, myWorld има над 15 милиони членови и 150.000 партнери во 55 земји ширум светот кои ја користат нивната бенефит лојална програма. За да биде сликата уште појасна, дел од партнерите на myWorld се најзначајните светски брендови како Booking.com, AliExress, eBay, travelWorld, Ikea, OMV, Amazon.de, Foot Locker, dm и многу други.