МВР заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

МВР известува дека вчера, по претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, уапсени се две лица кај кои биле пронајдени 40 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли.

„Кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли.

Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 ст.7 од КЗ. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства“, се вели во соопштението на МВР.