МВР: Во последните 24 часа на 392 лице им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.06) на територијата на Република Македонија на 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.