МВР уапси скопјанец по распишана централна потерница

Денеска (25.01.2022) во 09.30 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачјето на Кисела Вода го лишија од слобода Б.М.(41) од Скопје.

За него била распишана Централна потерница, а по наредба од Основен Суд Скопје 1. Тој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 1 година и 6 месеци во врска со чл.131 од Кривичниот законик. Б.М. ќе биде спроведен во казнано-поправна установа за издржување на казната.