МВР уапси повеќе лица за дрога и марихуана, во одделни случаи во Скопје

МВР во текот на изминатото деноноќие интервенирале повеќе случаи во кои се уапсени лица со марихуана и дрога. 

На 25.10.2021 во 19.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.10.2021 во 19.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров ги лишиле од слобода Л.Б.(25) од Скопје и Д.И.(23) од Свети Николе, со престој во Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.10.2021 во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја и нож. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.