МВР уапси бегалец од затвор

 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска ги привеле А.А.(22)  од село Глумово, скопско. Тој бил баран со потерница поради бегство од казнено-поправната установа Затвор Скопје.
А.А. ќе биде спроведено во установата за издржување на казната, соопшти МВР.