МВР: Уапсени две лица поради примање поткуп

Министерството за внатрешни работи информираше дека две лица се приведени под сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание“

„Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание“ велат од МВР.

Од министерството потенцираат, се постапува за целосно расчистување за настанот.

Дел од медиумите објавија дека е приведен директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи кој заедно со уште едно лице барале поткуп од 20.000 евра.