МВР: Тајна е каде се украдените пари од Тутунска банка

По повеќе од два месеци од филмскиот грабеж во НЛБ Тутунска Банка во Скопје, од каде осомничениот вработен 40- годишен Бобан С. среде бел ден успеа да изнесе од банката 2 милиони франци и 270.000 евра, полицијата не открива дали има некаква трага  за тоа  каде се украдените пари.

Редакцијата на МКД.мк  на 11 мај писмено се обратила до МВР за да добие одговор, дали е најден некаков доказ кој може надлежните да ги одведе до украдените пари или дали евентуално се најдени парите?

Еден месец по  испратено прашање од МВР одговрија, дека согласно законот, одговорот на прашањето кое го побарале е тајна.

“Во врска Вашето барање кое се однесува на кривично правен настан случен во НЛБ Банка АД на ден 10.04.2017 година , ве известуваме дека согласно тајност на предистражна постапка чл.289 од Законот за кривична постапка ,односно сите дејствија преземени од страна на полицијата или ЈО се сметаат за тајна,поради што не можеме да ви доставиме дополнителни податоци”,  одговорија од МВР.

Филсмкиот грабеж во НЛБ Тутунска банка го пријави директорот на банката. По настанот осомничениот Бобан С. беше приведен и по барање на Обвинителството му беше определен 30-дневен притвор.  

Од Основното јавно обинителство Скопје велат дека истрагата за овој настан е во тек.