МВР со важна информација за граѓаните кои имаат закажано термин за лични документи

Согласно одлуката на Владата за забрана за движење на граѓаните од одредени општини во периодот од 04.06.2020 година од 21,00 часот заклучно со 08.06.2020 година до 05,00 часот, како и прогласувањето на 05. 06. 2020 година (петок) за неработен ден за сите граѓани, подрачните единици на Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи (управните служби) нема да бидат во можност да ги реализираат закажаните термини на граѓаните за аплицирање за лични документи.

-Во таа насока Ве известуваме дека граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи за ден 05.06.2020 година ќе можат да ги реализираат во текот на целата наредна недела, односно од 08.06.2020 година до 12.06.2020 година во истата подрачна единицa, односно дисперзирана канцеларија и во истата базна станица во која е закажан терминот. Закажаните термини за деновите 06.06. и 07.06.2020 година за аплицирање за лични документи во Одделението за управни работи Скопје, ќе се реализираат во деновите 13.06. и 14.06.2020 година, а терминот и базната станица остануваат исти, информираат од МВР.