МВР со голема заплена на риби во Преспанското Езеро

МВР заплени над 1100 метри мрежа и околу 100 килограми риба во Преспанското езеро.

На 24.05.2022 година во периодот од 00.20 до 07.00 часот во координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 кг улов, информираат од МВР. 

Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.