МВР со детали за верижниот судир на автомобили во Автокоманда

Завчера во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје имало верижен судир на повеќе возила. 

МВР ги сподели деталите:

„На 04.06.2025 околу 18.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, возило „мерцедес“ и две патнички возила „ауди“, сите со скопски регистарски ознаки и возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, при што две лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Увид е извршен од екипа на СВР Скопје“.