МВР со детали за убиството кај Слупчане

Доцна синоќа во Слупчане биле пронајдени безживотните тела на татко и неговиот 9 годишен син. Полицијата во денешниот билтен информираше за настанот.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 22.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар на с.Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото на настанот и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот син (роден 2010 год.), двајцата од с.Опае.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.