
МВР со детали за трагедијата во Велес каде синоќа возач на камион прегазил пешак, кој му бил колега.
- На 22.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат" во Велес, товарно возило „волво" со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.