МВР со детали за трагедијата во која загинаа две деца

На 29.06.2020 во 15.15 часот било пријавено дека 15-годишник од с.Добрејци и 14- годишник од с.Пиперево со трактор „ИМТ 539“, кој го управувал 14 годишникот, се упатиле кон место викано „Таре“ на реката Струмица за да ловат риби, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а малолетниците се удавиле.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.