МВР со детали за тешката сообраќајка на „Партизанска“, повредени шест лица

Шест лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа која синоќа во 22:30 часот се случи на крстосница од булевар “Партизански одреди” и булeвар “8-ми Септември” во Скопје.

Од МВР денеска информираат дека во несреќата учествувале возило “пежо боксер” (санитетско) со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Б.(57) од Скопје, автомобил “мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(25) од Ресен и пешак Н.В.(25) од Скопје.

-Во незгодата со повреди се здобиле Т.Б. и три лица сопатници во возилото Д.Б.(28) од Битола, В.Г.(23) од Гостивар и В.А.(55) од Струмица. Со повреди се здобиле и К.Ѓ. и Н.В. На повредените им е укажана лекарска помош, информира МВР.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.