Медиумите утринава објавија за страшна тепачка на две групи која се случила вчеравечер. На снимките објавени на соцјалните мрежи се гледа како едното од лицата држи друго лице на автомобилската врата тепајќи го, додека од другата страна до тротоарот лицето од црниот автомобил го држи другото лице од белиот автомобил и го тепа.
Се слушаат и пцовки на албански јазик. Според она што се гледа на снимката притисокот е направњн со цел да се ослободат двете личности.
Во 00.15 часот по полноќ, во СВР Куманово, 33-годишниот Р. Н. од Куманово пријавил дека на 19.11.2023, околу 19.30 часот, на улицата Маршал Тито, тој и Н. М. биле физички нападнати од две лица, извести МВР. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Тепачката се случила во центарот на Куманово, според описот на видеото на социјалните мрежи
Страотна тепачка и пцуење во Куманово: го држи стиснат во врата, додека го боксува pic.twitter.com/tstiNwsMgZ
— Skopje1.mk (@Skopje1mk) November 19, 2023