МВР со детали за сообраќајката во Козле: Загина малолетен мотоциклист

Во тешка сообраќајна несреќа во скопско Козле синоќа загина малолетно момче.

 Момчето загинало на лице место по судар во кој учествувале и автомобили ситроен и мини купер.

 -На 05.12.2022 околу 20.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти МВР.