МВР со детали за сообраќајката на магистралата Куманово-Крива Паланка, сообраќајот е во прекин

Денес година во 09.53 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел зафира” со скопски регистарски ознаки и “мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од турски државјанин.

Сообраќајот е во прекин, а увидот е во тек. Извесетен е јавен обвинител.