
Денеска околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, кај клучка Стајковци, се случила сообраќајна несреќа.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки.
„Сообраќајот на обиколницата во правец Тетово-Велес, поточно кај клучка Радишани, е пренасочен кон локалниот пат Бутел-Љуботен, се до завршување на увидот на лице место на сообраќајната несреќа“, велат од МВР.