МВР со детали за сообраќајката кај Охрид во која загина едно лице

На 25.07.2021 во 18.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Кичево, во близина на село Врбјани – општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(61) од село Долна Белица, струшко и патничко возило „тојота корола“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(64) од Охрид.

На местото на незгодата починал Г.Р., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобиле Б.Б., негов сопатник С.Б.(62) од Охрид и малолетен сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“ од с.Долна Белица, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.