МВР со детали за пожарот во затворот Идризово

Во Единицата за информации и команда Скопје, вчера во 14 часот од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во Казнено поправната установа „Идризово“ (приемно одделение) избувнал пожар во покривната конструкција.

Пожарот бил изгаснат во 16.40 часот, а повредени лица нема.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.