МВР со детали за пожарот во Драчево

На 07.02.2019 година во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Коперниква“ во населба Драчево, настанал пожар во барака, во која под наем престојувал Х.Д.(32) од Скопје.

Делумно била опожарена и соседната барака, сопственост на В.Д.(48). 

Пожарот бил изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Увид ќе се врши во текот на денот.