МВР со детали за несреќата кај обиколница: Излетал од патот и удрил во дрва

Скопјанец се здобил со повреди во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информации на МВР, вчера во 12:20 часот на автопатот „Мајка Тереза“ - Обиколница на Град Скопје, после клучка Стајковци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот М.С. од село Страчинци, скопско, излетало од патот и удрило во дрва.  

Притоа, со повреди се здобил возачот на кого му била укажана лекарска помош во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.