МВР со детали за малолетничката која доби струен удар од вагон

17-годишна скопјанка заврши со повреди откако се качила на вагон од товарен воз. 

На 27.11.2022 во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско. Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител, информираа од полцијата. 

Според неофицијални информации девојчето сакало да се снима за Тикток видео.