МВР со детали за инцидентот во културниот центар во Битола

МВР се огласи по повод опожарувањето на културниот центар Иван Михајлов во Битола кое се случи утрово. 

-На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар Иван Михајлов во Битола, лоциран на ул. Рузвелтова по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола, велат од МВР. 

Огнот е локализиран од страна на ТППЕ Битола, а увидната екипа на СВР Битола во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Битола извршила увид и се преземаат соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, соопштија од надлежното министерство.