МВР со детали за инцидентот во Ченто - приведени 20 лица

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за инцидентот кој синоќа се случи во скопската населба Ченто.

Околу 19 часот и 35 минути во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на улицата „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници.

Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот.

Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од селото Стајковци, скопско.

Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.