МВР со детали за грозоморното убиство во Драчево

Околу 16,00 часот од слобода е лишен 20-годишниот А.Р. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело убиство на неговата баба.

Се работи за 66-годишната Г.Н. информира денеска МВР.

Убиството се случило во домот на А.Р. на улица „Антон Димитров“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на СВР Скопје и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.