МВР со детали: Пронајдена почината жена под Железничката станица во Скопје

На автобуската постојка под Железничката станица во Скопје попладнево е пронајдено починато женско лице. 

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека во 18:39 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека на автобуската постојка на булеварот „К.Ј.Питу“, има починато женско лице.

На терен биле испратени полициски службеници и увидна екипа.