МВР со детали: Проектил од рачен фрлач бил испукан во кафуле кај „Мавровка“

Во врска со инцидентот во трговскиот центар „Мавровка“ од полицијата соопштуваат дека силниот звук кој предизвика паника синоќа потекнувал од проектил од рачен фрлач кој бил испукан во едно од кафулињата.

Од таму додаваат дека е предизвикана само материјална штета.

„На 04.02.2019 околу 01.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.