
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи.
- Ја информираме јавноста дека нема никаков недостаток туку напротив, МВР има обезбедено залихи кои се доволни за наредните три години. Термин за фотографирање на граѓаните се добива за само еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и издаваат за неколку дена, многу порано од законски пропишаниот рок, појаснија од МВР.
Апелираат да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните.