МВР со богата жетва кога е марихуаната во прашање

На 11.02.2020 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Е.Х.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.02.2020 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Демир Трајко“ го лишиле од слобода М.М.(20) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 23.35 часот, на ул.„Јужен булевар“ го лишиле од слобода и П.М.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.02.2020 во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Гвадалахара“  ги лишиле од слобода Е.С.(29), Ф.К.(34) и Е.Е.(31), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.