МВР со акции за заплена на марихуана и хероин, приведени неколку лица

Неколку лица се приведени во полициски акции на полицијата за заплена на марихуана и хероин. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.З.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.07.2019 на магистралниот пат с.Лојане – с.Стража полициски службеници извршиле преглед на моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И., во кое како совозач бил Ј.З., при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера од слобода биле лишени Ф.Д.(38) од с.Волково, скопско и Г.Ѓ.(43) од Скопје поради тоа што при претрес во домот и други простории на Ф.Д. во с.Волково, каде бил затекнат и Г.Ѓ., извршен во периодот од 05.00 до 06.45 часот врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Скопје пронашле и одзеле марихуана. Тие биле здржани во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(33) од с.Булачани затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.08.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот во Пробиштип, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.В.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.04.2019 на локалниот пат од Тетово кон село Требош полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(27) од село Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.09.2019 во село Чегране полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.