МВР секојдневно изрекува над 100 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

171 мерка за сообраќајни прекршоци е изречена во текот на вчерашниот ден (28.09.22) на територијата на град Скопје. 

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од вкупно 171, за возење  повеќе од дозволената брзина изречени биле 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 28 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се и осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за користење мобилен телефон, шест мерки за возач почетник, пет санкции за некористење сигурносен појас.