МВР се пофали со картонските полицајци, реакциите на јавноста не стивнуваат

МВР на социјалните мрежи се пофали со новите макети на полицајци, со вграден радар за мерење на брзината на возилата. 

„Инаку, планирано е да се обезбедат уште неколку вакви мобилни картонски макети, кои би биле ставени во функција, особено во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фреквенција на поширокото тетовско подрачје. Макетите, како што веќе споменавме, се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта“, најави Министерството.

Оваа идеја (и реализација) беше дочекана со најразлични реакции, меѓу кои има и навистина сатирични и хумористични. 

„Картонски полицаец не може да земе мито“, „Откако се увиде дека картонскиот полицаец врши работа се размислува за картонски доктори....“, „Вчера ме сопре полицаец и 30 минути не малтретираше мене и мојот колега. Да беше од картон, ќе се разберевме“... се само дел од реакциите на јавноста.